Прилеп ја унапредува соработката со БиХ

Од:

Прилеп ќе се збратимува со општина Источно Сараево, ќе ги зголемува културната и туристичката соработка, а стопанствениците ја поздравуваат иницијативата за формирање бизнис клуб кој ќе им го зголеми извозот, констатираа на денешната средба амбасадорот на БиХ Лепа Бабиќ, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и бизнисмените од Регионалната стопанска комора.

– Разговаравме за културните настани што не поврзуваат. Прилеп ќе се збратими со општина Источно Сараево. Со задоволство ја прифативме понудата и мило ми е што ќе почнеме заедничка соработка, рече Јованоски.

Според Горан Попоски од прилепската Регионална стопанска комора, компаниите и досега имаа добра економска соработка со нивните колеги од Босна и Херцеговина, а формирањето на бизнис клубот на ниво на Македонија, оцени, ќе ги зголеми контактите меѓу бизнисмените од двете страни.

Досегашната трговска размена меѓу двете земји е околу 150 милиони евра, а односот на увозот и извозот е 50:50.

– Само во 2017 година размената е десет отсто зголемена. Констатиравме дека и прилепските стопанственици се за формирањето бизнис клуб за зголемување на трговската размена. Тоа ќе го преземат стопанските комори на Босна и Херцеговина и Македонија, а ќе се вклучат и амбасадорите. Инаку, босанскиот пазар ги бара македонските производи од прехранбената индустрија, металургијата, шумарството, кочанскиот ориз, а БиХ кај нас извезува млечни производи. Она што е посебно важно што сме пред потпишување на спогодбата од областа на туризмот и тука очекуваме голема соработка, изјави амбасадорката Бабиќ.

Од прилепската конфекција „Хатра“ велат дека имаат одлична соработка и пласман во БиХ, а од „Конфи Ангел“ нагласуваат дека формирањето на бизис-клубот ќе ги приближи контактите и ќе може да се пласираат производи во БиХ.

За градоначалникот Илија Јованоски е битно што соработката со Босна и Херцеговина ќе се подигне на повисоко ниво и во стопанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница