Споменик на Кемал Ататурк ќе биде поставен во Паркот на пријателството во Велес

Од:

Со одлука на Општина Велес споменик на Кемал Ататурк по пет години ќе биде поставен на првично предвидената локација во Паркот на пријателството „Каршијака“ во знак на пријателството помеѓу Македонија и Турција.

Од Општина Велес информираат дека градоначалникот Аце Коцевски заедно со ликовните уметници Живко Пренџов и Илчо Стојановски вчера го посетиле Паркот на пријателството и ја одредиле точната локација на која ќе се постави споменикот висок три метри, веднаш до Ликовниот салон.

Градоначалникот Коцевски поставувањето на споменикот го најави на последната седница на Советот на Општина Велес одржана на 29 март. Тој воедно на последната прес-конференција ги информира новинарите дека споменикот се наоѓа во просториите на Противпожарниот дом во Велес.

Споменикот кој е вреден околу 50 илјади евра, како и изградбата на Паркот на пријателството со целокупната урбана опрема и изградбата на чешма за вода беше донација од збратимениот град Каршијака во Турција, каде живеат голем број на Турци кои порано живееле во велешко.

Паркот на пријателството беше свечено отворен на 1 ноември 2013 година, а поставувањето на готовиот споменикот од Турската заедница во Велес во декември 2013 беше најавено за март 2014.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека Кемал Ататурк таткото на модерна Турција е многу значајна личност во светската историја и заслужува посебна почит.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ