Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со нервен агенс, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ).
– Британските анализи дека Сергеј Скрипал бил затруен со нервен агенс се потврдија како точни, нагласи ОПЦВ, без да посочи за каква супстанца се работи.
Велика Британија претходно обвини дека Скрипал и неговата ќерка на 4 март во англискотот град Салисбери биле затруени со рускиот боев гас „Новичок“. За нападот властите во Лондон ја обвинија Русија, која отфрла какви и да било поврзаност со случајот.
ОПВЦ во денешното соопштение потенцира дека анализите што ги извршиле нејзините експерти на местото на настанот и на биомедицинските примероци. потврдиле дека станува збор за хемиска супстанца.
– Хемискалијата била со голема чистота, со речиси целосно отсуство на нечистотии, се додава во соопштението.