Засадени 113 нови дрвја во Карпош

Од:

Во Карпош започна големата акција за разеленување на Општината. Од денеска и во наредните денови, ќе бидат засадени вкупно 113 нови, висококвалитетни дрвја на територија на четири урбани заедници: “Владо Тасевски” (Млечен ресторан), “Тафталиџе 1” , “Карпош 1 “ и “Карпош 2” .

Ќе се засадат 49 листопадни и 64 зимзелени дрвја, од следниов вид: јасени и ацери (листопадни), како и туи и кипарис (зимзелени).

Акцијата започна од Урбаната заедница “Владо Тасевски” (Млечен), каде што во близина на платото беа засадени дел од новите дрвја од страна на службите на Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа започнува со најавената зелена офанзива за подигнување на меѓублоковското зеленило:

– Идејата за зелен Карпош нема алтернатива. Концентрирани сме на разеленување на маалските катчиња, паркови и површини каде што граѓаните минуваат поголем дел од слободното време. На бетонското сивило одговараме со повеќе зеленило, рече Богоев.

Во изминатиот период, службите на Општината мапираа повеќе критични локации кои ќе бидат оплеменети со зеленило во оваа акција.

Акцијата за засадување на 113 нови дрвја чини 350.000 денари.

Исто така, во втората половина на април, Општина Карпош ќе спроведе координирана акција со Град Скопје и јавните претпријатија, за дополнително засадување на нови дрвја.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира