Советот на Струмица даде согласност за основање регионална депонија

Од:

Советот на општина Струмица на денешната седница донесе одлука за давање согласност за основање регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот плански регион.

Одлуката советниците ја донесоа едногласно. Со неа се дава и согласност Владата на Република Македонија да го реализира овој значаен комунален објект. Ваквата одлука советниците ја донесоа бидејќи општината не може да ги исполнува обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад.

Освен ова одлука, Советот на општина Струмица на деветата седница го усвои предлог буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот за 2019 година, а донесе и одлука за давање согласнот за отуѓување на градежно неизградено земјиште во сопственост на општината.

Советниците ги разгледа и усвоија годишните сметки со финансиските извештаи на сите основни и средни училишта во општината, Детската градинка „Детска радост“, како и извештајот за работењето на Центарот за развој на Југоситочниот плански регион за лани.

Советот на општина Струмица ги усвои и годишните планови за вработување во повеќе јавни претпријатија и институции под надлежност на општината, а донесе и повеќе одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите