Раководството на прилепски ЈКП „Пазари“ ги бара парите од таксите за тезги

Од:

Новото раководство во прилепското јавно претпријатие „Пазари“ ќе формира времен пазар, до зелениот пазар во центарот на градот, за продавачите на земјоделски производи со камиони за, како што вели менаџментот, да се стави крај на нелојалната конкуренција.

Директорот на ова јавно претпријатие Кристијан Илиески го обвинува претходното раководство дека неодговорно се однесувало зашто нема ниту трага од парите за таксите што ги плаќале закупувачите на тезги на дисперзираните пазари низ градот.

– Во книговодствената евденција на ЈКП „Пазари“ не постои никаква документација за инкасирани, односно наплатени средства за тезгарина од дисперзираните пазари во населбите „Точила“, „Марино маало“ и за пазарот кај прилепскиот театар. Земјоделците кои закупувале тезги во дисперзираните пазари ме известија дека плаќале тезгарина, но, евиденција за наплатата никаде не постои. Дали тие средства се внесувале во касата на „Пазари“ или завршувале во нечиј џеб, ќе треба да истражат надлежните органи. Го повикувам поранешниот директор на „Пазари“ Пецо Димоски, да открие каде завршиле парите од тезгарината од подрачните пазари и од Сточниот пазар, изјави Илиоски на денешната прес-конференција.

Според Илиоски, освен што ги нема парите од закупнината на тезгите во дисперзираните пазари, имало нелојална конкуренција со тоа што им се дозволувало на дивите продавачи со камини да продаваат земјоделски производи секаде низ градот со ниска такса.

– Затоа, Управниот одбор на претпријатието, сакајќи да воведе ред и домаќинско и регуларно работење, одлучи да биде отворен времениот пазар во центарот на градот, за продавачите на земјоделски производи со камиони. Ставаме крај на нелојалната конкуренција, а парите од закупнината на тезги мора да доаѓаат на сметката на претпријатието, рече Илиоски.

Прилепскиот совет, пред велигденските празници ја донесе одлуката продавачите со камиони, наместо досегашните 500 денари такса за држење тезга, да плаќаат по 3.000 денари.

– Ова значи дека ја отстрануваме досегашната нелојална конкуренција, Имено, на зелениот пазар во центарот на градот закупнината по тезга е до 5.300 денари месечно, зависно од големината на тезгата, и тоа е цена што останува непроменета, додека пак во дисперзираните пазари и продавачите со камиони плаќале по 500 денари, за кои со години не се знае каде се, што е нелојална конкуренција и се поттикнувала. Сега таму ќе се плаќа по 3.000 денари, што, пак, е пониска цена од онаа во градскиот пазар. Нема да дозволам да продолжи криминалното и коруптивно менаџирање со дисперзираните пазари. Секој денар во наплатата и инкасирањето на тезгарината е драгоцен, бидејќи претпријатието го наследивме во катастрофална финансиска состојба поради раскрчмувањето на имотот, вели Илиоски.

Со сите индиции за евентуално коруптивно раководење со ЈКП „Пазари“, новото раководство на ова јавно претпријатие ќе ја запознае полицијата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски