Минатиот пат кога имаше рочиште за „Титаник“ имаше преговори за името во Виена, денеска има преговори во Охрид. Сега вие заклучете што е една од главните цели, рече експремиерот Никола Груевски по одложувањето на рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО.
Груевски за интерпелацијата и обвинувањата од страна на премиерот Зоран Заев за оставените долгови вели дека СДСМ по една година од доаѓањето на власт тоа го користи за да го покрие нивното неработење и неспособност.
„Ќе помине времето кога СДСМ безидејноста ќе ја покрива со ВРМО-ДПМНЕ. Тоа време не може долго да трае. Не сме оставиле ништо што е надвор од нормалното и тековното работење. Ако сме граделе болница, а градбата била до пола кога сме заминале од власт и требала да сс догради во време на СДСМ, нормално е тоа да се направи, како што и тие некогаш оставале недовршени градби. Иако тие не оставиле многу затоа што тие не градеа и создаваа. Но, сигурно имало по некој помал проект кој тие не го завршиле, а ние сме го продолжиле. Тоа е тоа, нема ништо посебно. Се работи за алиби поради немањето конкретни проекти, за колапсот на градежниот сектор. Тоа можеле да го зборат во првите три месеци“, вели Груевски.
Кристијан Ландов