Јавноста исклучена, Заев ќе ги слуша телефонските разговори од ПИ-мерките во „Поткуп“

Од:

Судот ја исклучи јавноста од денешното рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината за исклучувањето на јавноста е изведувањето на телефонските разговори и останата електронска комуникација обезбедена со посебни истражни мерки.

Претходно адвокатите на Заев побараа сведочењето на Иван Николов Сачевалиев на минатото рочиште да не биде земено како доказ во постапката. Исто така, побараа да не бидат земени предвид и останатите докази на обвинителството бидејќи, како што рекоа, се ирелевантни за обвинението.

На минатото рочиште, Николов Сачевалиев рече дека тој го терал Заев да говори за поткупот. На прашањето на судијката, дали откако луѓето од МВР го опремиле со палто со опрема за да го снима, Заев сам говорел за поткупот, сведокот Сачевалиев рече: „Јас го терав градоначалникот да ми го каже тоа“.

Според исказот на сведокот, тој бил користен како агент провокатор. Адвокатите на Заев тврдат дека за тоа не постои наредба. Претходно премиерот Заев, повеќе од половина час го испрашуваше во судницата сведокот Иван Николов Сачевалиев, кој тврдеше дека во 2013 година, кога Заев беше градоначалник, знаел дека тој треба да откупи државно градежно земјиште и му се јавил за да дојде кај него за 15 минути во градоначалничкиот кабинет во Струмица. Му рекол дека може да го откупи земјиштето за 70 денари од квадратен метар, но дека ќе треба да плати плус три евра – едно евро за него, едно за СДСМ и едно евро за црквата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито