Ново рочиште за „Поткуп“, неизвесно дали ќе биде пуштена снимката

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Заев присуствува на денешното рочиште. Засега нема потврда дека денеска во судница ќе биде пуштена интегралната снимка за „Поткуп“, што требаше да се случи на минатото рочиште, но судот реши тоа да не се прави по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.

На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.

Сачевалиев рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна. Тој пред судот посочи дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.

Сачевалиев на почетокот на рочиштето тврдеше дека премиерот Зоран Заев му побарал поткуп за приватизација на државно градежно земјиште. Но, подоцна кажа и дека не дал ниту евро на семејството Заеви.

На прашање на судијата дека пред Судот ги менувал исказите во врска со изјавите што ги давал пред Јавното обвинителство, како и за тврдењата на адвокатите дека три пати давал изјава во Обвинителството, Сачевалиев одговори дека се сеќава оти потпишал два записника, а дека третиот првпат го гледал.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито