Организацијата „Хјуман рајтс воч“ објави вчера дека располага со веродостојни податоци за сериозни нарушувања, вклучувајќи убиства на цивили, извршени од малиските безбедносни сили во градот Нионо.
Во изјавата, меѓународната организација за човекови права ја повикува Владата во Бамако, како и француските и западноафриканските војници и власти да направат се што е можно за заштита на цивилното население.
Засега нема официјален одговор од малиската влада на тоа обвинение.