Седници на неколку собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за одбрана и безёбедност ќе одржи две седници, на кои на деневен ред се Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, како и измените и дополнувањата на реформскиот Закон за класифицирани информации, измените и дополнувањата на Законот за заштита и спасување и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во второ читање.

Јавна расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе одржи Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on