Откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата во Собранието за доверба на Владата се појавија со транспаренти на кои се испишани критиките за новата Влада, пратениците на СДСМ по паузата поставија транспарент со 8 остварени ветувања.
На транспарентот како остварени ветувања се набројани повисоката минимална плата од 12 илјади денари, решавањето на проблемот со стечајците, укинувањето на радиодифузната такса, бесплатен одмор за 35.000 работници, поблиску до НАТО и други.

Кај опозицијата, освен транспарентите за неостварени проекти, на клупите се оставени и фотографии на пратеникот Томислав Тунтев со Субрата Рој.
По паузата која заврши во 18 часот, во собраниската сала има 12 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и 33 од СДСМ.
Кристијан Ландов
