СДСМ: Нотираниот напредок од „Фридом хаус“ – потврда за успешниот реформски процес започнат од Владата на СДСМ

Од:

„Последниот извештај на „Фридом хаус“ во кој се нотира напредок во независност на медиумите и демократското владеење е уште една потврда за исправноста на започнатиот реформски процес од Владата предводена од СДСМ.

После долги години уназадување кога Македонија беше категоризирана како заробена држава извештајот на „Фридом хаус“ за првпат нотира дека во 2017 година постои напредок во националното демократско владеење и независноста на медиуми, а Македонија е категоризирана како „светла точка“ и држава која најмногу ветува дека е можен демократски пробив во Европа.

Ова се првични констатации, после само неколку месеци од преземањето на одговорноста од страна на СДСМ.

Реформскиот процес, ослободувањето и професионализацијата на државните институции што овозможуваат независни медиуми, професионални институции и неселективно владеење на правото ќе продолжи уште позасилено.

Напредокот на Македонија во сите сфери продолжува!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат