Градоначалникот Јаневски се сретна со амабасадорката на БиХ Лепа Бабиќ

Од:

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денесka се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ.

По заедничкиот заклучок дека Македонија и БиХ имаат одлична регионална соработка, посебен акцент во разговорот беше ставен на проширувањето на соработката на локално ниво.

Амбасадорката Бабиќ му предложи на Јаневски воспоставување соработка на Општина Струмица со општината Котор Варош, најразвиена општина во Република Српска, на која македонската општина може многу да и помогне со сопственото искуство во искористувањето средства од eвропските фондови.

Јаневски ја прифати идејата, потенцирајќи дека општина Струмица секогаш е отворена за соработка и реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните од двете општини.

На средбата, амбасадорката Бабиќ го информираше градоначалникот дека амбасадата на Босна и Херцеговина планира одржување заедничка конференција меѓу градоначалниците од двете држави, а целta ќе биде размена на искуства и позитивни практики, како и формирање бизнис клуб кој ќе ги поттикне стопанските комори на уште поголема соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите