Северна Ирска одбележува 20 години од мировниот договор

Од:

Северна Ирска денеска одбележува 20 години од потпишувањето на Договорот од Белфаст, а лидерите кои посредуваа за постигнување на тој мировен договор предупредуваат на нови опасности, кои за регионот ги претставува јакнењето на политичките поделби и излегувањето на Британија од ЕУ.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и некогашниот британски премиер Тони Блер во Белфаст им се приклучија на политичарите од Република Ирска и Северна Ирска на одбележување 20 години од потпишување на договорот, со кој на денешен ден во 1998 година заврши 30-годишното насилство меѓу католичките републиканци и протестантските унионисти, во кое загинаа повеќе од 3.600 луѓе.

– Компромис мора да стане добра работа, не да биде валкан збор, а гласачите мора да престанат да ги казнуваат луѓето кои прават компромиси, и да почнат да ги наградуваат. Единствена работа која би била погубна е да се дозволи целата работа да пропадне, да се вратиме во пекол, наместо да се движиме кон иднина, изјави Клинтон кој, како и Блер, учествуваше во преговорите за постигнување на договорот.

На прашањето дали постои опасност повторно да дојде до насилство, поранешниот американски сенатор Џорџ Мичел, кој претседаваше со преговорите кои доведоа до потпишување на договорот, рече дека „ништо во животот не е гарантирано“.

– Мораме да бидеме многу, многу внимателни, предупреди тој.

Мировниот договор, познат како Договор на Велики Петок, беше склучен за да се стави крај на судирот меѓу приврзаниците на обединувањето со Велика Британија и националистите кои сакаа обединување со Ирска.

Договорот ја трансформира Северна Ирска, а Ирската републиканска армија, која беше одговорна за повеќето убиства, се согласи да го предаде оружјето, додека британската армија ги расформира своите вооружени контролни пунктови и се повлече.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска