„Епл“ соопшти дека пушта во продажба специјална верзија на АјФон 8 и АјФон 8 Плус. Таа ќе биде наречена „(PRODUCT) RED Special Edition“ и веќе е достапна. Како што покажува името, посебна карактеристика на специјалната верзија е светло-црвената боја на задниот дел од телефонот.
Тие ќе бидат достапни во две верзии – 64ГБ и 256ГБ меморија, а цените почнуваат од 699 долари. Купувачите, исто така, ќе добијат бесплатна персонализирана поставка на телефонот на самото место во продавница или онлајн.
Специјалната верзија на АјФон 8 и АјФон 8 Плус ќе биде достапна во многу земји ширум светот. Македонија засега не е наведена на списокот, но ова може да се промени подоцна.
АјФон X, исто така, добива малку внимание. Иако нема да има цела нова, специјална верзија на телефонот, ќе биде понудена црвена кожна „(PRODUCT) RED“ обвивка. Таа ќе чини 99 долари.