Наскоро туристички патувања во Вселената

Од:

Американската компанија Орион Спан наскоро ќе почне со услугата – туристичко патување надвор од нашата планета.

Основачот и директор на компанијата Франк Бунгер на Спејс 2.0 самитот во Калифорнија, го најави овој проект, а според него, луксузниот вселенски хотел наречен Аурора Стејшн ќе биде лансиран во 2021 година. Првите гости ќе можат да резервираат соба во 2022 година.

Што се однесува до цената, малкумина ќе можат да си го дозволат ова туристичко патување. За 12 дена престој во Вселената, ќе треба да се издвојат точно 9,5 милиони долари.

Во хотелот можат да престојуваат шест лица, односно четири патници и два члена на екипажот. Пред самото патување, туристите ќе мора да минат тримесечна подготовка во Хјустон.

Искуството ќе биде незаборавно, бидејќи патниците ќе имаат можност да почувствуваат вистинска нулта гравитација и да ја погледнат планетата Земја како што ја гледаат космонаутите. Воедно, ќе можат да се видат 16 зајдисонца и изгрејсонца во еден ден.

Бунгер вели дека целта е изградба на самоодржлив „туристички центар“ во Вселената кој ќе биде достапен за што поголем број луѓе.

Стручните лица од компанијата имаат намера да изградат вселенска станица, но лансирањето најверојатно ќе го спроведат во соработка со други компании.

Овој вселенски хотел ќе биде 13,3 метри долг и 4,3 метри широк. Ќе има и брз интернет, за патниците да можат да им се јават на своите семејства.

Доколку побарувачката за вакви патувања биде голема, Бунгер најавува и можна изградба на „вселенски станови“ за изнајмување на подолг период.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ