Се уредува штипската населба Сењак

Од:

Жителите на штипската населба Сењак и двете јавни претпријатија „Стипион“ и „Исар“ од денеска почнаа со тридневна акција за расчистување на отпадот, кастрење на дрвјата, како и обележување на улиците и пешачките премини.

Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека во оваа населба ќе се заменат и уличните светилки.

– Акцијата ќе трае три дена, од вторник до четврток. Ги замолуваме граѓаните, со нивните сугестии и барања да се обратат до јавните претпријатија со цел доколку сме во можност да ги исполниме нивните барања, вели Протогеров.

Тој додава дека граѓаните, кои имаат стар мебел или ги чистат своите подруми да го оставаат отпадот на обележаните места, со цел побрзо и да се транспортира до Градската депонија.

Во останатите населби во градот Штип, исто така ќе се спроведат пролетни акции за расчистување на отпадот, кастрење на дрвјата и обележување на улиците и пешачките премини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски