Алијансата на Албанците нема да биде дел од реконструираната влада на Заев

Од:

Алијансата на Албанците на првото Централно собрание кое се одржа вчера во Кичево одлучи да не биде дел од владината гарнитура предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Ваквата одлука е донесена поради, како што велат од партијата, недоволната заложба на владата за радикални реформи во земјата, особено во принципите при примената на правото.

-Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да му претходи парламентарен изборен процес. Оваа едногласна одлука на АА се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото, велат од партијата.

Премиерот Заев во февруари оваа година најави реконструкција на владата, промена на министри и директори во владините институции. Во новата владина гарнитура, премиерот Заев рече дека ќе има место за сите партии освен за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Покрај преговорите со Движењето Беса, со цел зајакнување на парламентарното мнозинство, премиерот Заев најави преговари за влез во владата и со Алијансата на Албанците, но по се изгледа преговорите биле неуспешни.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани