Го претепале поради Фејсбук статус

Од:

Б.М.(36) пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19,00 часот додека се движел пеш по улицата „Лазо Филипоски“ во Прилеп го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице.

Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале. Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.

Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница