Честитка од Кирацовски за Велигден: Овој голем празник нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебна почит

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Овој голем празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво и меѓусебно почитување кај сите граѓани.

Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит. Само ако сите заедно дадеме придонес во негувањето на универзалните човекови вредности, како толеранцијата, слободата, правдата и чесноста, ќе овозможиме спокоен и среќен живот за сите.

Ви посакувам убави празнични денови.

Христос воскресна!“, се вели во честитката на Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он