Компанијата „Субару“ соопшти дека на своите најважни пазари, а тука пред се мисли на САД, Канада и Австралија, во 2012 година го постигна најдобриот годишен продажен резултат на сите времиња.
Најдобрата продажба на автомобили кога било во САД „Субару“ ја забележал така што во 2012 година на купувачите во оваа земја им испорачал 336.441 возило (или 26 отсто повеќе отколку во 2011 година). Во декември 2012 година забележена е и најдобра месечна продажба од 36.653 парчиња различни возила од оваа компанија.
Ова е четврта година по ред како „Субару“ ги соборува продажните рекорди во САД, а компнаијата воедно е и единствениот производител што на овој пазар постигнува зголемување на продажбата последните пет години.
На пазарот во САД во 2012 година се продадени 68.175 примероци од моделот „Impreza“ ( дури 148,9 отсто повеќе отколку во 2011 година), додека малку редизајнираните „Outback“ и „Legacy“ имаа продажба од 117.553 односно 47.127 парчиња, што е зголемување во однос на претходната година од 11 и 12 отсто.
Моделот „Forester“ имаше стабила продажба на нивото од 2011 година, со 76.347 испорачани возила. Најновиот модел на „Субару“, спортскиот модел „BRZ“ веќе има нарачка од 4.144 купувачи, додека кросооверот „Subaru XV“ е продаден во 7.396 примероци.
Рекордна продажба овој јапонски производител бележи и во Канада. „Субару“ во 2012 година на пазарот во оваа земја пласирал 31.003 возила, што е зголемување во однос на претходната година од 14,9 отсто. Кон тоа најмногу придонеле моделите „Impreza“ и „Subaru XV“, како и стабилната продажба на „Outback-от“.
Носител на продажбата во Австралија бил моделот „Subary XV“ што од јануари 2012 е продаден во 9.908 парчиња, додека вкупниот пласман на „Субару“ на овој континент изнесуваше 40.189 парчиња, што е за 18,2 отсто повеќе во однос на 2011 година.