Форд на актуелниот Саем на автомобили во Детроит го прикажа пикап концептот „Атлас“, кој најавува како би можела да изгледа следната генерација на легендарниот „Ф-150“, кој веќе триесет години е најпродавано возило во Америка.
Пиакп возилата се еден од заштитните знаци на американската автомобилска индустрија, а новиот Ф-150 ќе се појави во 2014 година и ќе претставува современа генерација на лесни пикап возила со разумна потрошувачка на гориво.
Возилото ќе биде за околу 300 килограми полесно од својот претходник поради употребата на алуминиум, а конечната верзија сигруно ќе се разликува од претставениот концепт, на кој најголемо внимание привлекува големата предна решетка.