30-тонски „робот-спасувач“

Од:

Благодарение на долгите раце може внимателно да извршува повеќе од 10 спасувачки операции, вклучувајќи сечење, кршење, проширување. Се движи со помош на алтернативни тркала и подвижни ленти, а работи на комбиниран погон од бензин и струја. Роботот-спасувач, тежок 30 тони, е промовиран во кинеската провинција Џиангсу.

Роботот е нов изум во државниот научно-технолошки проект, произведен од Кинеската академија за машински науки и технологии, Универзитетот во Пекинг за воздухопловство и космонаутика, Универзитетот во Џеџианг и производителот на тешки машини „Бада“ во Џиангсу.

– Роботот може ефикасно да биде применет во спасувачки акции во подрачја погодени од земјотреси, а може да се користи и за уривање на згради, изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата „Бада“ Чен Лиминг, додавајќи дека врз него треба да се извршат уште тестови во траење од 1.000 часови.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска