Центарот за јавно здравје од Велес го прослави Светскиот ден на здравјето – 7 април

Од:

Вработените и некогашните вработени сега пензионери во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес денеска свечено го прославија 7 април – Светскиот ден на здравјето.

Тони Димитриев в.д. директор на оваа јавна здраствена установа најпрво истакна благодарност од негово лично име и од името на сите вработени во Центарот за јавно здравје Велес до сите кои сега се пензионери и постхумно, за починатите колеги.

– Тие сите заедно, со целиот свој ентузијазам, знаење и љубов кон работата се вградија и го создадоа имиџот на Центарот за јавно здравје, неговото опстојување во сите тешки моменти и моменти на предизвици и искушенија. На сите нив подеднакво им се заблагодаруваме и на овој свечен ден им порачуваме дека никогаш нема да ги заборавиме, дека секогаш ќе бидат дел од нас, дел од Центарот за јавно здравје, од неговата историја, сегашност и иднина, порача Димитриев.

Воедно информира дека за жал и по осум месеци како што нагласи на виделина излегуваат одредени непријатности поради несоодветно раководење од претходното раководство на оваа јавна здраствена установа.

– Тековно, се прават напори за секојдневно реновирање на работниот простор и создавање на подобри услови за работа, тековно се врши одржување на инвентарот и целокупната апаратура и средствата за работа, се трудам во секој поглед да бидат навремено задоволени сите барања од страна на вработените во Центарот, да се одржува работниот ред и дисциплината, да биде уважен секој. Центарот во многу ги има подобрено своите позиции на пазарот, каде учествуваме како економски оператор, што е видливо и споредливо, а во делот на тендерите, каде Центарот се јавува како договорен орган имаме постигнато поголемо заштедување на финансиски средства, за што во блиска иднина ќе бидете соодветно запознати, со точни бројки и компаративна анализа на постигнатото, информира Димитриев.

Воедно потенцира дека во моментов водат битка Центрите за јавно здравје повторно да се најдат во Законот за здравствена заштита со својата организациона поставеност, со што ќе се отвори можноста да се донесат нов статут и систематизација, кои ќе бидат во согласност со постоечките законски прописи во Државата.

– За жал, направена е голема неправда и ненадоместлива штета на Центрите за јавно здравје, кога пред нешто повеќе од две години се избришани од Законот за здравствена заштита. За среќа наша, патот што некој почнал да го трасира за згаснување на Центрите за јавно здравје е веќе прекинат и Центрите ќе опстојуваат и понатаму.

Воедно најави дека во пресрет на 25-годишното постоење на ЈЗУ Центарот за јавно здравје Велес во надниот период, најголемата енергија и залагање ќе има кон отворање на вратите на Центарот за нов кадар – здравствени работници и соработници, како и потребни административни работници, имајќи ја предвид состојбата со старосната структура на постоечкиот кадар.

– Се надевам и ќе барам од сите Вас поддршка за доекипирање и кадровско подмладување на Центарот, со што за подолг временски период ќе се оттргнеме од опасноста во која сме доведени, да за неколку години останеме без здравствени работници – лекари специјалисти, со што директно се доведува во опасност опстанокот на Центарот и неговата работа, потенцира Димитриев.
Воедно на свеченоста ЈЗУ Центар за јавно здравје ја награди д-р Снежана Петрова специјалист по здраствена хигиена и екологија за 30 години успешна работа и на уште на четворица нејзини колешки и колеги.

Д-р Билјана Трајкова специјалист епидемиолог во своето обраќање до присутните говореше за работата и заложбите на СЗО и потенцира дека и нивната јавна здраствана установа Центар за јавно здравје од Велес ја подржува и се залага во пракса да се реализира нивната порака „Секаде секому,здравје за сите“.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ