ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не знае и нема капацитет да ја води државата

Од:

„СДСМ нема ниту план, ниту визија за Република Македонија. Државата е заробена и стагнира под водство на СДСМ.
СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев нанесе огромна штета на државата и на економијата во целост.

Економската ситуација е влошена. Најавите за покачување на даноците и неспособноста на власта ја намалуваат инвестициската атрактивност на државата. Големите странски инвеститори заради растечката корупција, наместо во Република Македонија се одлучуваат за инвестирање во земјите од регионот.

300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжи граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка на Република Македонија како депозит со 0% камата. Во исто време државата плаќа камата за истите средства кон кредиторите од кои ги позајмиле. Оваа безидејност на СДСМ ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра.

Растот на БДП во 2017 година е 0%, а економијата секаде во регионот одеше нагоре. Падот на градежништвото е околу 20%, а капиталните инвестиции изнесуваат само 1%. Ктастрофа на сите полиња.

Со цел да го оттргне вниманието од ваквите катастрофални политики, СДСМ гони политички неистомисленици со конструирани обвиненија.

На овој политички прогон мора да му дојде крајот. Судиите мора да го почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став. Судот мора да ги ослободи од неоснованиот притвор сите политички жртви и да ги отфрли нарачаните обвиненија.

СДСМ не знае и нема капацитет да ја води државата. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб