Информативна средба за консолидација на земјиштето во Чешиново-Облешево

Од:

Во селото Спанчево, општина Чешиново-Облешево, денеска ќе се одржи информативна средба со земјоделците и сопствениците на земјиште од Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик на која ќе стане збор за процесот на консолидација.

Средбата се организира во рамки на проектот Маинланд – „Воведување национална програма за консолидација на земјиштето“, финансиран од ЕУ, кој го спроведува ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Учесниците ќе бидат информирани за измената на Законот за консолидација, но и за следните чекори во процесот, а најавени се обраќања на министерот Љупчо Николовски, на Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, како и на главниот технички советник на ФАО Вилма Даугалиене.

Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик се четири од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници