Излегоа првите фотографии на гејмерскиот смартфон „Ксиаоми БлекШарк“

Од:

Пред неколку недели стана јасно дека компанијата „Нанчанг БлекШарк Технолоџи“ работи на гејмерски паметен телефон кој ќе се нарекува „БлекШарк“ и ќе биде дел од екосистемот на „Ксиаоми“, а компанијата веќе и официјално ја потврди инвестицијата.

Засега е познато дека уредот ќе биде со процесор Снапдрагон 845, а од тестовите во „АнТуТу“ се дознава дека уредот ќе има 8 ГБ РАМ меморија и дисплеј со резолуција 2160×1080 пиксели. Информациите велат дека дисплејот ќе има брзина на освежување од 120Хз, Промоцијата на уредот во Кина ќе биде на 13 април.

Во исто време, на кинеската социјална мрежа „Веибо“ излегоа слики кои, наводно, го покажуваат „БлекШарк“. На нив се гледа дека телефонот всушност е направен со мисла главно за гејмери ​​и нуди џојстик, како и копчиња за управување во игрите. „Ксиаоми“ не го заборавиле и 3.5 милиметарскиот влез за слушалки, кој во интерес на вистината е речиси задолжителен за таков тип смартфон.

Секако, треба да се има во предвид дека сликите не се пуштени на официјалниот профил на „Ксиаоми“, што, пак, значи дека е можно тие да не го прикажуваат телефонот, кој ќе го видиме другата недела.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска