„Мозила Фајрфокс Реалити“ – веб прелистувач за уреди со виртуелна реалност

Од:

„Мозила“ напорно работи на нов веб прелистувач кој ќе биде целосно оптимизиран за уреди со виртуелна и проширена реалност. Компанијата е цврсто решена дека овие технологии ќе ја активираат следната голема револуција во индустријата и сакаат максимално да искористат од нивната популарност. Новиот веб прелистувач се вика „Фајрфокс Реалити“ и неговата цел е да им олесни на сопствениците на ВР / АР очила да сурфаат на интернет, откако истовремено ќе ја осигураат нивната приватност.

„Фајрфокс Реалити“ ќе се обиде да го привлече вниманието на корисникот со корисничкиот интерфејс и фактот дека е достапен за кој било модел без оглед на неговиот производител. Новиот веб прелистувач ќе биде оптимизиран првенствено за уредите за виртуелна реалност кои работат сами без потреба од паметен телефон. Отворениот код на „Фајрфокс Реалити“ ќе биде достапен за сите програмери заинтересирани за таков производ, информира „ТекРадар“. Официјалната премиера ќе биде до крајот на 2018 година.

Се чини дека „Мозила“ гледа одлична иднина во ВР / АР технологијата, како и мешаната реалност. Ако компанијата успее да им обезбеди на своите сопственици лесен начин да навлезат во мрежата од ваквите уреди, тоа ќе го направи„Фајрфокс Реалити“ хит на пазарот. Сè уште нема информации за тоа како изгледа интерфејсот и другите карактеристики на новиот веб прелистувач.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска