Француската група ПСА денеска најави дека ќе го зголеми производството на комбиња од брендовите Пeжo и Ситреон во својата фабрика Воксхол во британскиот град Лутон.
ПСА го купи германски Опел и неговата подружница Воксхол во 2017 година, и оттогаш работи на преструктуирање на производството. Во Лутон ќе се произведува новото комбе Виваро, како и моделите Експерт на Пежо и Џампи на Ситроен. Производството ќе порасне на 100.000 комбиња до 2019 година, од сегашното ниво на 60.000 комбиња годишно.