За одбележување на „Денот на Пежо 404“, денеска во Скопје се одржа мало дефиле со автомобили од оваа ретка марка.
Според организаторите Македонскиот клуб „Пежо 404“, дефилето е во знак на нивно вклучување во светската мрежа на настани насочени кон зачувување на Светското културно и технолошко наследство.
– Македонскиот клуб Пежо 404, кој е неформален и составен од неколку сопственици на ова ретко и скапоцено возило, кое сведочи за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото. За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба редовно добиваме признанија од дома и од странство, вели Деан Шкартов, член на клубот.
На дефилетот учествуваа осуммина сопственици на возила од марката „Пежо 404“ произведени помеѓу 1968 и 1973 година кои тргнаа од дворот на ЕУРОИМПЕКС ДООЕЛ, а завршија пред кафулето „Манда“. Учесниците ги поздрави и директорот на Францускиот културен центар
Автомобилите на Пежо се вбројуваат во малата група на најдобри во историјата на автомобилската индустрија, а моделот „404“ е своевидно ремек дело во проектирањето на техничките решенија, дизајнот, изведбата и квалитетот, наведуваат од Клубот љубители на овој олдтајмер.