Лејди Гага меѓу научниците – Овој човек треба Франција да ја претвори во една од водечките суперсили

Од:

Јутарњи лист

Французинот Седрик Вилани научник кога уште го нарекуваат Лејди Гага на француските математичари откри нова стратегија за промоција на развојот на роботиката и на вештачката интелегенција во Франција која таа држава треба да ја стави на ниво на светските сили во тоа подрачје – САД и Кина.

Тој е добитник на Фиелдсовата награда што се смета за Нобелова награда за математика. Го прифатил повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да заплива во политички води. Макрон за него од почетокот имал големи планови, а сега како што е најавено дојде моментот тие да станат стварност.

Амбициозниот млад преседател на Франција не се плаши од промени и пресврти. Кога станува збор за науката најголемите чекори како што наведе самиот ќе бидат на подрачјето на вештачка интелегенција.

– Тоа е трка во нуклеарното вооружување на нашето време, објасни Макрон.

Новата стратегија ја претстави Вилани кој во изминатите месеци е се почесто на француската политичка сцена. Вилани наградата ја добил во 2010 година кога имал 36 години и како што сам рекол „за мене тоа беше последниот воз“.

Каде и да се појави впечатлив е поради својот изглед.

Негов заштитен знак се троделни одела, екстравагантна машна околу вратот во живи бои, старински џебен часовник и брошеви во облик на пајак.

За разлика од своите колеги ја прифати улогата на математички амбасадор летајќи од еден настан до друг од континент на континент како што наведе во неговиот профил Њујоркер – „пренесува математичко евангелие по светот“.

Вилани  секако не е единствениот математички мозок во Франција. Таа држава во научни кругови е позната по големиот број надарени математичари.

Макрон неодамна склучи договор со Велика Британија за соработка во развој на дигитална економија и вештачка интелегенција.

– Новите мерки што ќе ги претставиме се офанзивни нагласи Маркон, најавувајќи дека не станува збор само за еден проект. – Клучни ресурси што ги имаме се нашите врвни математичари, објасни тој.

Седрик Вилани неодамна даде интервју за Блумберг во кој зборуваше за новиот проект. Тој истакна дека т.н. култура на приватност е најголема поединечна пречка што регионот мора да ја надмине за да биде лидер во развојот на ВИ. Имено развојот на такви системи бара голема количина информации.

– Пристапот кон информациите е предизвик број 1. Европа мора да создаде единствен пазар  на кој ќе може да влезат големи информатички играчи, изјави Вилани.

Според него, споделувањето податоци што е нужно за развој може да се одвива во строго доверливи услови. Но, Европа мора да биде на чело на индустријата ако сака влијание врз контролирање на условите. За жал промовирањето идеи за поголемо споделување информации во моментот не е популарно во прв ред по скандалот со злоупотребата на податоци на Фејсбук. Вилани во досегашните настапи истакнува важност за се поголеми контакти меѓу науката и политиката.

– Сегашниот контакт не е доволен. Дел од мојата задача е да се засилат тие врски. Франција треба да го  води остатокот од Европа, објасни математичарот.

Макрон смета на вербата и силата што Вилани како ново лице може да го донесе на политичката сцена. Макрон го вклучува во важни состаноци. Вилани се обиде на економски форум за странски инвеститори да ги увери дека науката е во ценарот на интереси на новата француска влада.

Откако ќе го претстави својот извештај на 150 страници за развој на вештачката интелегенција Вилани ќе продолжи со работа на подобар начин да се предава математиката во Франција .

Неговиот најнов проект вклучува ревизија на педагошки техники на француските наставници. За да се истакнуваат таленти и да се популаризира науката, а особено најчесто омразената математика. Францускиот претседател цврсто одлучил да ја однесе државата во новото време.

Владата неодамна предложи на работниците за дополнително квалификување да им се дадат пари. Неквалификуваните работници за тоа ќе добиваат 800 евра годишно, најмногу десет години, а квалификуваните по 500 евра годишно.

Кон крајот на минатата година невработеноста во Франција за првпат во изминатите шест години е помалку од девет отство. Во Министерството за труд проценуваат дека во следните десет години поради новите технологии може да исчезнат до 20 отсто занимања а исто толку може и да се појават. Тоа означува нови работни места за кои се потребни нови работни вештини.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска