Пролетно хортикулутрно уредување во Крива Паланка

Од:

Вработените од секторот Паркови и зеленило на јавно претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка извршија уредување на неколку нови локации кои се предвидени за јавни зелени површини во општината.

-Кај локалитетот т.н. пендин вир и м.в. Стара кожара посипана е земја, површините се порамнети и доведени до фаза на озеленување, додека по раззеленувањето, претстојниoт период ќе бидат декорирани со жардињери и цветни форми, изјави Драги Пејчиновски, раководител на „паркови изеленило“.

Информира дека околу двесте корени рози во разни бои и видови се засадени деновиве.

-Двесте рози-трендафили беа засадени на влезот и излезот од градот, во градскиот парк и во кејот на Крива Река, во мајор коритото, а беа заменети и старите – уништени трендафили покрај ролерско-велосипедската патека, додава Пејчиновски.

Во фолиите каде од сопствено производство, од семка до корен, секторот „Паркови и зеленило“одгледуваат околу 15.000 корени цвеќе: повеќе видови петунии, импатиас, целосија, винка, хризантеми и други видови кои зависно од сезоната ќе бидат засадени во три турнуси во тектот на целата година. Се одгледуваат и 1.000 корени зимзелени дрвца и грмушки, кои исто така ќе ги разубават јавните површини во општината.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски