Производителите на зелка блокираа отупен пункт во Муртино

Од:

Производителите на пролетна зелка го продолжија протестот пред еден од откупните пунктови во селото Муртино, откако претходно на кусо го блокираа влезот и излезот на селото.

Незадоволните производители со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт. Од вкупно шест во селото тие одлучија да го блокираат овој, бидејќи од утрово само тој ја откупува пролетната зелка за 25 денари за килограм.

Производителите бараат откупната цена да изнесува 30 денари за килограм, барем до почетокот на Велигденските празници.

– Во другите откупни пунктови откупната цена на пролетната зелка е 30 денари, а само тука е 25 денари за килограм. Блокодата за влезот и излезот од откупниот пункт ќе трае се додека не се врати цената од 30 денари за килограм, рече Славе Панов земјоделец од село Муртино.

Други земјоделци додаваат дека се измамени од страна на откупувачите.

Имено, вчера кога подигнале гајби за берба на зелката не им било кажано дека таа ќе се откупува за 25 денари. Утринава кога заминале да ја предадат зелката трговците им ја откупиле по намалена цена.

Сопствениците на откупниот пункт, каде протестираат незадоволните производители на пролетна зелка, не сакаа јавно да ги коментираат обвинувањата. Само кусо изјавија дека понудата и побарувачката ја определуваат цената и дека засега можат да понудат 25 денари за откуп на килограм пролетна зелка.

Инаку, и во други откупни пунктови во струмичкиот регион денеска е забележано намалување на откупната цена на пролетната зелка од 30 на 25 денари за еден килограм.

Протестот на земјоделците од Муртино пред откупниот пункт во нивното село продолжува.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади