ВИДЕО: Нова спортска опрема за ОУ „Аврам Писевски“

Од:

Во пресрет на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир – 6 Април, Македонскиот олимписки комитет денеска донираше спортска опрема за учениците од основното училиште „Аврам Писевски“ во населбата Бардовци.

Училиштето, како што информира општина Карпош, доби повеќе спортски реквизити: поголем број топки за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, нови мрежи за обрачите за кошовите и головите. Донирани се и едукативни материјали, книги и брошури кои ги поттикнуваат младите да спортуваат.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев рече дека се фокусирани на развој на спортот во училиштата и додаде оти потврда за тоа се и успешните училишни спортски лиги во Карпош.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров