Нокиа развива нова верзија на легендарниот Нокиа 2010

Од:

Нокиа e eден од најактивните производители на пазарот на паметни телефони во последните месеци. Новите уреди на компанијата провоцираат сериозен интерес меѓу корисниците и ситуацијата најверојатно ќе се задржи и во текот на 2018-та. Веќе видовме модерна верзија на легендарниот Нокиа 3310, но се чини дека финскиот бренд планира да вдахне живот на уште еден класичен модел. Во случајот, станува збор за иновативниот за времето телефон со името Нокиа 2010, кој е претставен официјално во 1994 година, пренесе „АндроидАуторити“.

Новиот паметен телефон се развива со идејата да го одбележи соодветно пристигнувањето на 25 години од премиерата на оригиналниот Нокиа 2010. Уредот ќе понуди бројни подобрувања, меѓу кои екран осетлив на допир, модерна камера, поддршка за 4Г мрежи и разновиден избор на атрактивни бои. Ажурирана верзија ќе работи со истиот софтвер, како и другиот класичен смартфон Нокиа 3310. Новиот Нокиа 2010 нема да изневери на традицијата и повторно ќе предложи цврсто куќиште и импресивна издржливост на батеријата.

Според непотврдени информации, финалниот производ може да дебитира на пазарот како Нокиа A10 во конфигурации со бела, црна, црвена и жолта боја. Поддршката за 4Г мрежите ќе обезбеди пристап до популарни апликации како Фејсбук, ВатсАп, Вибер и многу повеќе.

Не ни останува ништо друго освен да почекаме уште малку за да дознаеме какви подобрувања ќе ни понуди јубилејната Нокиа 2010. Сигурно уредот има потенцијал да го привлече вниманието на љубителите на технологијата со ретро изглед и достапна цена.

Би можело да ве интересира

Нокиа се повлекува од Русија

Дајмлер се согласи да и плати на Нокиа за користење на патентите

Ана Ололовска

Нокиа планира намалување на 10.000 работни места

Ана Ололовска

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

ХМД Глобал го промовираше наследникот на Нокиа 7

Кристијан Ландов