Две илјади француски војници, од вкупно предвидените 2.500, кои сигурно ќе бидат и повеќе, изутринава се распоредени во Мали, потврди францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА од Париз.
– Денеска има 2.000 француски војници на теренот во Мали и во операцијата „Севал“ во моментов се вклучени околу 2.900 војници, истакна францускиот министер, според кој во оваа бројка се опфатени и француските војници ангажирани во соседните земји.
Официјален Париз предвидува во Мали да испрати околу 2.500 војници, но според францускиот министер за одбрана оваа бројка најверојатно ќе биде надмината и во операцијата ќе учествуваат околу 4.000 војници.