Заев на средба со Каевски ќе го расчистува скандалот со книгата на АМС

Од:

По скандалот со објавената збирка поезија од страна на Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

– Директорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита се што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финанисирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Каевски.

Според него, директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

– Денеска ќе имам состанок, сакам да ги видам сите детали и од тој аспект заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто