ВИДЕО: Еко маскенбал во општина Карпош

Од:

Општина Карпош и колективниот постапувач „Нула Отпад“ денеска организираа еко маскенбал во основното училиште „Јан Амос Коменски“.

Учениците од сите основни училишта во Карпош се претставија со маски изработени од електронски отпад, т.н. е – отпад.

Општина Карпош информира дека учениците на овој начин учат за рационално и алтернативно користење на електронскиот отпад, негова селекција и евентуална повторна обработка.

Жири-комисија составена од градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, Александра П.Илиевска, претставничка од „Нула Отпад“ и Јана Манева Чупоска, декан на Факултетот за арт и дизајн – ЕУРМ, ги избрала најдобрите пет маски, кои биле обележани со шифри.

Во општина Карпош, пред ТЦ Скопје сити мол, неодамна беше поставена еко зона каде се уште граѓаните можат да ги фрлаат старите батерии и да се ослободат од старата електрична и електронска опрема од своите домаќинства.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош