Демократски сојуз: Неопходни се системски и коренити реформи

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи, се со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност, како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.

Реформите во правосудниот систем, администрацијата и службите за безбедност, треба да резултираат со независно и одговорно судство, мала и високо професионална администрација и тајни служби како гарант на безбедноста и заштита на човековите права и слободи.

Во оваа насока вклученоста на опозицијата во реформските процеси треба да резултира и со посложени и комплексни промени, пред се, градење на политички консензус за намалување на вкупниот број на пратеници (на 90), намалување на бројот на министри, укинување на бројните агенции и регулаторни тела, како и намалување на администрацијата (најмалку за 30%).

Демократскиот сојуз смета дека имплементацијата на Владината програма за промени и реформи се соочува со “системски опструкции”, покрај другото и поради идеолошката определеност на високо етаблираната администрација во државните институции“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски