Бочварски го посети Дневниот центар за деца со аутизам во Пребег

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, по повод Светски ден на лица со аутизам, го посети Дневниот центар за деца со аутизам во населба Пребег.

„Околу нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, од интеграција и инклузија во нашето секојдневие. Денеска е Светски ден на лица со аутизам и ова е одлична можност за сите да го насочиме нашето внимание токму кон напорите и обидите лицата со аутизам да ги вклучиме во секојдневните општествени процеси. Лично сум убеден дека секој што е различен од очекуваниот просек во средината и околината во којашто живее треба да биде одлично прифатен целосно интегриран во секојдневието. Изолирањето на лицата со аутизам во посебни места, локации и центри не е решение за никој. Лицата со аутизам треба да бидат дел од општественото секојдневие и со нив да го споделуваме секој сегмент од нашето живеење,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговата изјава за медиуми.

Градоначалникот Бочварски на дечињата од Дневниот центар за деца со аутизам, како и на дечињата во посебната паралелка во ООУ „Ванчо Прќе“ им обезбеди неколку потребни помагала.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена