Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговата сопруга Ри Сол-ју присуствува на концерт на јужнокорејски поп групи во Пјонгјанг, јавија јужнокорејските медиуми.
Вкупно 120 јужнокорејски пејачи, танчери, техничари и мајстори по теквондо вчера пристигнале во Пјонгјанг. Тоа е прва музичка делегација од Сеул, која по десет години ја посетува Северна Кореја.
Според медиумите Ким за време на концертот аплаудирал, а исто така и се ракувал со јужнокорејските уметници и позирал за групна фотографија по настанот.
На концертот присуствувале и сестрата на Ким, Ким-Џо Џонг и офецијалниот претседател на Северна Кореја, Ким Џонг-нам.
Двочасовиот концертот се одржа во големиот театар во источен Пјонгјанг, кој има капацитет од 1.500 места.