Фатени извршители на 25 кражби во возила во Скопје

Од:

СВР Скопје расветли 25 кривични дела „тешка кражба во патничко моторно возило“ од кои четири во обид и поради основано сомнение дека се можни сторители ги приведе А. П. (62) од село Смилковци, А.М. (20) и М.И. (20),  од село Булачани. Осомничените  на подрачјето на населбите Аеродром и Ново Лисиче од патнички возила, мопеди и скутери одземале акумулатори, радио-касетофони, алат, зимска опрема, противпожарни апарати, резервни тркала и други предмети.

Од извршениот разговор е констатирано дека трите приведени лица  користејќи  автомобил „Југо“ во вечерните часови во населбите Ново Лисиче и Аеродром со штрафцигер насилно отварале возачки врати од возила, (најчесто од типот „Југо“ и  „Застава 101“). Ја отварале хаубата и од просторот кај моторот ги одземале акумулаторите со демонтирање и со сечење на каблите, а од кабината на возилото ги одземале радио- касетофоните. Од багажникот одземале, алат и ланци за снег, противпожарни апарати и други предмети. Исто така, од повеќе мопеди и скутери одзеле акумулатори и други делови.

По преземање на мерки со цел утврдување на оштетени лица извршено е препознавање на предмети.  Против тројцата осомничени ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР