Акција на полицијата за поголема безбедност на сообраќајот во Охрид

Од:

Во вонредни контроли што ги спроведе викендов Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид се евидентирани осум возачи кои ја пречекориле брзината на движење во и надвор од населено место со брзина поголема од 10 до 50 километри на час.

Покрај тоа, регистрирани се четири непрописно паркирани патнички моторни возила и осум прекршоци направени од возачи на велосипеди со помошен мотор и мопеди.

Кај четири лица регистрирано е некористење на заштитен шлем-кацига за време на управување со мопед, еден случај на управување без возачка дозвола, еден случај на управување мопед со изминат рок на важност на регистрација и еден на нерегистриран мопед.

Против лицата што сториле прекршоци преземени се соодветни мерки и издадени се еден мандатен и седум прекршочни платни налози, две лица се писмено предупредени, а четири се повикани на сообраќајна поука.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум