Британскиот боксер Ентони Џошуа по 12 рунди го победи Новозеланѓанецот Џозеф Паркер на поени и обедини четири шампионски титули во тешка категорија.
На спектаклот кој го следеа 80.000 гледачи на стадионот во Кардиф (Велс), по одлука на судиите Џошуа ги одбрани појасите во ИБФ, ИБО и ВБА шампионатите и го доби ВБО трофејот на Паркер.
Досега Џошуа е непоразен и има 21 победа во исто толку борби, од кои дури 20 биле со нокаут. Паркер го забележа првиот пораз во 25 борби.
– Знам дека сите очекуваа нокуат, но Паркер е светски шампион. Мојата стратегија беше да се фокусирам на дирекот, што ми донесе уште една титула, изјави Џошуа по натпреварот.
Судиите гласаа 118-110, 118-110 и 111-109 за Џошуа.