При пожарот што изби на пристаништето Ходеида во Јемен е уништена голема количина на хуманитарна помош во скадовите на Светската програма за прехранување, соопштија јеменските власти.
Локалните власти наведоа дека се опустошени четири складови на Светската програма за прехранување. Според нивната проценка уништени се 50 тони прехрамбени производи.
Податоците на ОН покажуваат дека во конфликтот во Јемен се убиени речиси 10.000 лица, а 53.000 се повредени.