Предвелигденски хуманитарен хепенинг во Струмица по повод Лазарова сабота

Од:

Здружението „Порака“ од Струмица денеска во центарот на градот организираше предвелигденски хуманитарен хепенинг по повод празникот Лазарова сабота.

На манифестацијата беа изложени ракотворби, керамички вазни со велигденски мотиви, боење јајца за Велигден и други креации по повод Велигден.

Граѓаните можеа за симболична сума да купат дел од креациите, а парите собрани од продажбата ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот клуб на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ со потребни дидактички материјали за работа.

Здружението „Порака“ на 7 април, на ден пред Велигден, ќе организира уште еден предвелигденски хепенинг.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија