СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години го криеше бројот на вработени во државната и јавната администрација

Од:

„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата.

Покрај тоа, објавен е и бројот на вработени лица во акционерски друштва во државна сопственост и бројот на лица вработени преку агенции за времени вработувања. Токму времените вработувања со години беа злоупотребувани и користени за масовно вработување на партиски кадри од страна на ВМРО-ДПМНЕ и партизација на администрацијата.

Започнатиот процес.на реформа и ослободување на администрацијата од страна на Владата предводена од СДСМ, обезбедува стручна, отворена и независна администрација и професионални институции коишто работат во служба на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува доследна на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност и одговорно продолжува со спроведување на мерките што градат професионални и независни институции“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски