Филмови по избор на Игор Иванов во Кинотека, Лордан Зафрановиќ гостин од вторник

Од:

Априлската програма на Кинотеката на Македонија утре ќе почне со циклусот „Уредник со причина“ кој ќе прикаже три филма по избор на режисерот Игор Иванов-Изи.

За прикажување и дискусија Иванов-Изи ги избра: „Соништата што се купуваат со пари“ во режија на Ханс Рихтер (1 април), „Бери Линдон“ на Стенли Кјубрик (2 април) и „Убавицата на денот“ во режија на Луис Буњуел (3 април). Филмовите утре и задутре ќе бидат прикажани од 20 часот, а во вторник од 21.30 часот.

Во филмската програма „Уредник со причина“ се прикажуваат филмови избрани од јавна личност. Од воведувањето на циклусот уредници со причина беа Влатко Стефановски (февруари) и Васко Атанасовски (март).

Кинотеката овој месец го почнува и циклусот „Гостин со причина“ и од 3-ти до 5 април ќе биде домаќин на Лордан Зафрановиќ и на четири филмови на хрватскиот режисер. Прв филм од новиот циклус ќе биде неговиот „Окупација во 26 слики“ од 1978 кој ќе биде прикажан на 3 април од 19 часот.

На 4 април ќе бидат прикажани два филма на Зафрановиќ – „Недела“ (1969) од 18 часот и „Падот на Италија“ (1981) од 20 часот. На 5 април ќе биде прикажан и „Вечерни ѕвона“ снимен во 1986. Пред проекцијата на овој филм во Кинотека ќе има разговор со Зафрановиќ кој ќе го води проф. д-р Наум Пановски.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска