А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во договор со општина Велес профункционира апартманот за третман и привремено сместување на кучиња скитници во Велес

by А1он30/03/2018 - 15:04333
Share0

По спроведената постапка за јавна набавка за третман на кучињата скитници, Општина Велес потпиша договор со „Пансионот Гиовски“ за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на Велес.

Добивај вести на вибер

Апартманот за кучиња е лоциран на 10 километри од Велес кај викендичките во близина на село Војница, а градоначалникот Аце Коцевски со новинарите, денеска го посети и направи увид во сместувачките капацитети на кучињата скитници, а кои деновиве веќе ги заловиле низ велешките улици и ги сместиле во пансионот.

Како што информира за медиумите Ристе Гиовски тренер – дресер на кучиња и сопственик на Апартманот за кучиња, тие веќе заловиле 40 кучиња скитници од Велес, во најголем дел од пред училиштата и во централното градско подрачје.Тој очекува дека во градот ги има вкупно околу 250 кучиња скитници, од кои преостанатите кучиња во наредниот период исто така ќе ги заловат и третираат.

– Сите кучиња кои ги заловуваме се кастрирани и третирани во Ветеринарната станица во Велес и проверени од болеста Лајшманоза и третирани од шуга и крлежи, ќе бидат обележани со жолт чип на увото, а по еден месец престој тука, тие што се здрави ќе бидат вратени на улица и сакам да потенцирам дека тие кучиња ќе будат безопаси по граѓаните. Исклучок ќе бидат многу агресивните кучиња, и оние кои по сите наши обиди не ќе можат да бидат излечени за жал,т ие ќе бидат аутанизирани – усмртени. Но во договор со градоначалникот, решивме да бидат усмртени што е можно помал број на кучиња, појасни Гиовски.

Воедно тој им порачува на граѓаните, ако сакаат да дојдат во Апартамнот за кучиња и да поминат тука час, два во природа и ги видат кучињата од кои некои се нивни љумици од маало. Воедно ако сакаат можат и бесплатно да си земат и вдомат куче. Тој апелира до граѓаните да не ги малтретираат кучињата скитници бидејќи тие според него не напаѓаат ако не се малтретирани и удирани од несовесни поединци.

Градоначалникот Аце Коцевски, изјави дека е среќен што по бројните критики и хаосот со кучињата скитници во градот, тие конечно потпишале договор со фирма која врши третман на кучиња скитници.

– Сето тоа во изминатите години резултираше со голем број судски пресуди во интерес на граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници, а што е голема финансиски штета за општината. Веќе се згрижени 40 кучиња скитници и ние ќе продолжиме и понатаму со оваа активност и јас ќе упатам апел до граѓаните кои се љубители на кучиња, да дојдат овде и си вдомат некое куче и тоа да стане нивно домашно милениче, повика Коцевски.

Воедно дресерот Ристе Гиовски појасни дека со законската обврска за чипување на секое куче домашно милениче, кој се најавува од јуни годинава, тоа ќе биде лична карта за кучето и неговиот сопственик. Со тоа и сопствениците не ќе може да ги остават потоа своите кучиња на улица, а според него со чипувањето на домашните кучиња воедно и ќе се намали бројот на кучиња скитници во градовите и селата во земјава.

veles

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски20/09/2025 - 15:2220/09/2025 - 15:38

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:57

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Катерина Ѓуровски16/09/2025 - 14:21

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен